Достапни линкови

Утре ќе се одлучува за новите цени на струјата и парното


Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), според најавите, утре треба да ги донесе одлуките за цената на електричната енергија и за парното греење за скопјани што ќе важат во текот на наредната година.

Пред десетина дена, претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, потврди дека сите енергетски компании во земјава побарале зголемување на цената на електричната енергија поради зголемените трошоци и намалената потрошувачка, како и проблемите со ликвидноста што ги предизвика пандемијата со Ковид-19.

Одлуката за цената за струјата требаше да биде донесена на крајот на минатиот месец и да важи од 1 август, но поради предвремените парламентарни избори нејзиното носење е одложено за утре, а цената ќе важи од 1 септември.

За парното греење во Скопје се очекуваат пониски цени.

XS
SM
MD
LG