Достапни линкови

Новиот поглавар на ИВЗ позитивен на Ковид-19


Илустрација - Седиштето на Исламска верска заедница во Скопје

Вршителот на должноста поглавар на Исламската верска заедница, Шаќир ефенди Фетаи, на својот фејсбук профил објави дека е позитивен на ковид-19.

„Грижејќи се за моето семејство, моите соработници, како и сите верници и граѓани, решив да направам тест за ковид 19. За жал, тој излезе позитивен. Во моментов, сè е нормално и нема никакви проблеми, ниту симптоми. Јас се придржувам кон прецизните медицински препораки и сум во домашна изолација. Таква е одлуката на Алах. Апелирам до сите граѓани да бидат внимателни и да се придржуваат кон препораките на надлежните органи“, вели Фетаи.

XS
SM
MD
LG