Достапни линкови

Угостителите бараат протоколи за свадби и прослави


Илустрација

Туристичко-угостителската комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) денеска се сретнаа со Комисијата за заразни болести на која угостителите повторно ја искажаа неопходноста од донесување соодветни протоколи кои би се почитувале за контролирано одржување на прослави и настани во угостителските објекти. Како што соопштија од ССК, донесувањето на протоколите е важно за да се спречи организирање прослави во домашни услови без соодветни безбедносни протоколи.

Потпретседателот на комората Мартин Ангеловски смета дека ако Комисијата за заразни болести не донесе препораки за отворање, состојбата може да излезе вон контрола.

„Состојбата на сите економски оператори кои директно и индиректно, согласно природата на својата дејност, се поврзани со угостителските објекти како музичките уметници, фотографи, претпријатија за декорација, накит и голем број други, е крајно тешка и неизвесна. Доколку наскоро не почнат со работа, нема да издржат да опстојат на пазарот“, рече Ангеловски.

Тој додаде дека претпријатијата од оваа дејност се адаптираа на новите услови и сите се придржуваат на новиот начин на работа неопходен во услови на моменталната состојба.

XS
SM
MD
LG