Достапни линкови

НАСА за денеска најави лансирање на ровер на Марс


Хеликоптерот кој е дел од роверот што ќе биде спуштен на Марс

Мисијата за испраќање вселенско возило на Марс во вредност од 2,7 милијарди долари, според очекувањата, денеска би требало да стартува од Кејп Канаверал на Флорида за кога е најавено лансирањето на ракетата “Атлас 5”. Од НАСА велат дека се било проверено „Сите вклучени во овој настан, од тимот на вселенското летало до тимот за лансирање возила со нетрпение го очекуваат стартот на долгоочекуваниот лет за Марс“.

Емиратите лансираа ракета во мисија на Марс

Терминот за лансирање се протега од 30 јули до 15 август. Кога и да биде, роверот ќе треба да се спушти на Марс на 18 февруари 2021 година, во внатрешноста на кратерот Језеро, широк 45 километри. Роверот ќе лови знаци на живот, детално ќе ја карактеризира геологијата на Језеро и ќе изврши голем број други задачи.

XS
SM
MD
LG