Достапни линкови

Започната постапка за проверка на безбедноста на личните податоци во ДИК


Седница на Државната изборна комисија

Агенцијата за заштита на личните податоци започнала постапка со кој ќе се проверува дали дошло да нарушување на безбедноста на личните податоци кои се обработуваат од страна на ДИК откако за време на гласањето на вонредните парламентарни избори одреден период не беа достапни интернет страниците на комисијата.

„ДИК обработува голем број на лични податоци по својот обем и категории кои се поврзани со изборниот процес, а од кои одредени категории на лични податоци се достапни и по електронски пат. АЗЛП во врска со објавените информации за настанат инцидент, по службена должност ќе истражи и провери дали дошло да нарушување на безбедноста на личните податоци кои се обработуваат од страна на ДИК“, се вели во соопштението од АЗЛП.

Од Агенцијата потенцираат дека ДИК согласно законот имала рок од 72 часа да ги извести за нарушувањето на безбедноста на личните податоци.

„Кога известувањето до Агенцијата не е поднесено во рок од 72 часа, заедно со известувањето треба да биде доставено и образложение за причините за доцнењето. До моментот на отворање на постапка за супервизија, ДИК нема доставено известување за нарушувањето на безбедноста на личните податоци. Оттука, согласно важечката законска регулатива ваквата фактичка состојба во конкретниот случај дава основ за претпоставка дека или не станува збор за нарушување на безбедноста на личните податоци кое може да создаде ризик за правата и слободите на физичките лица, или дека ДИК не доставила известување до АЗЛП во законски утврдениот рок од 72 часа од моментот на дознавањето за нарушувањето на безбедноста на личните податоци“, велат од Агенцијата за заштита на личните податоци и додаваат дека очекуваат во текот на супервизијата целосна соработка од страна на ДИК.

XS
SM
MD
LG