Достапни линкови

Ангеловска: 500 милиони евра со трите антикризни пакети


Министерката за финансии, Нина Ангеловска

Вкупната вредност на трите пакети aнтикризни мерки кои ги преземаме за поддршка на граѓаните и стопанството за надминување на последиците од Ковид-19 кризата се проценува на 500 милиони евра, објави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска на нејзиниот официјален фејсбук профил.

Таа наведува дека досега, до граѓаните и фирмите исплатени се околу 140 милиони евра државна помош oд кои 40 милиони евра кон граѓаните и 100 милиони евра кон фирмите.

„За граѓаните:домашна платежна картичка за над 330.000 граѓани – 28.3 милиони евра, ваучери за домашен туризам за над 117.000 граѓани – 12 милиони евра,, за самостојните уметници – 65.000 евра, за спортистите400.000 евра и за паричен надоместок за невработеност – 50отсто од последната просечна нето-плата 810.000 евра“, објави министерката.

XS
SM
MD
LG