Достапни линкови

Регистрирани 537 прекршувања на мерката за носење заштитна маска


Илустрација - Плакат со напис за задолжително носење заштита на лице во затворени јавни простории

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонијa, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 537 прекршоци, информираше денеска Министерството за внатрешни работи.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за заштита од ширење на коронавирусот и за справување со пандемијата со Ковид -19.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 20 до 26 јули, што денеска го објави Министерството за здравство, се евидентира намалување на бројот на новозаболени и починати лица од Ковид-19, а се бележи зголемување на бројот на оздравени во однос на претходната недела.

XS
SM
MD
LG