Достапни линкови

Поплави во Бангладеш, загинале 10 возрасни и 31 дете


Илустрација

Поплавите во Бангладеш, предизвикани од монсунските дождови, погодија на 4,8 милиони луѓе, а 41 лице загинаа, од кои 31 дете, јави германската новинска агенција ДПА.

Центарот за предвидување и предупредување од поплави во Бангладеш предупреди дека ситуацијата може да се влоши, бидејќи во следните денови можно е зголемување на нивото на реките во централните области околу Дака.

Поради поплавите над еден милион луѓе од крајот на јуни ги напуштија своите домови, а, според извештаите, најголем број од загинатите се удавиле во надојдената вода.

XS
SM
MD
LG