Достапни линкови

Почнува аџилакот во Мека


Големата замија во Мека, Саудиска Арабија, јули 2020.

Годинашниот аџилак кој почнува денеска е драматично намален и вклучува само околу 1.000 муслимански аџии, во период кога Саудиска Арабија се бори со коронавирусот. Околу 2,5 милиони луѓе од целиот свет обично учествуваат на ритуалот што се одржува во текот на неколку дена, главно во светиот град Мека. Годинашниот аџилак ќе се одржи под строги протоколи за хигиена, со пристап на ограничен број аџии под 65 години и без никакви хронични заболувања.

Мека затворена поради коронавирусот: милиони аџии разочарани

Времето на аџилакот се определува според положбата на Месечината, во согласност со исламскиот лунарен календар. Во минатиот месец, Саудиска Арабија објави дека ќе одржи „многу ограничен“ аџилак, одлука која носи извесен политички и економски ризик. Во таа земја досега се забележани околу 253.349 заразени лица, вклучувајќи и 2.523 смртни случаи, што е најмногу меѓу државите во Арапскиот Залив.

XS
SM
MD
LG