Достапни линкови

Македонија испраќа армиски вод во КФОР на Косово до крајот на 2020 година


Илустрација: Македонски војници патролираат на границата со Грција во 2018 година

Македонската влада денеска одлучи да испрати еден армиски вод и штабен персонал (вкупно до 45 лица) во операцијата КФОР на Косово до крајот на 2020 година. Владата на денешната седница го задолжи Министерството за одбрана да преземе потребни мерки и да ги регулира сите прашања со надлежните институции на НАТО и КФОР, за распоредување на единица во операцијата КФОР на Косово и да ја извести Владата за преземените мерки во врска со учество на земјава во операцијата на НАТО во Косово најдоцна до 15 декември годинава.

Мисијата КФОР беше распоредена во Косово во 1999 година по НАТО-бомбардирањето на Србија за одржувањето на мирот во земјата. Во моментов има околу 3500 војници од 28 земји во Мисијата на КФОР.

XS
SM
MD
LG