Достапни линкови

Апелација го одби Панчевски, судењето продолжува во Велес


Поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панчевски

Скопска Апелација го отфрли барањето на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, за изземање на Велешкиот суд и префрлување на предметот во Скопје. Според Апелацискиот суд, Судот во Велес е надлежен да му суди на Панчевски.

По оваа одлука на Апелација, судењето продолжи во Велес со рочиште на кое беа сослушани четири сведоци, службеници во скопскиот Кривичен суд. И денеска адвокатите на Панчевски побараа тој да излезе од притвор и да продолжи да се брани од слобода, покажувајќи документ од Агенцијата за вработување, со кој тврдат дека Панчевски се уште е во работен однос, а со тоа и имунитет на судија.

Владимир Панчевски е обвинет дека додека бил претседател на Кривичниот суд Скопје, направил злоупотреба со распределбата на предмети на судии. Тој е во притвор од 15 јули, кога сам се пријави во истражниот затвор Шутка, откако претходно три дена не беше достапен. Судењето продолжува идниот вторник.

XS
SM
MD
LG