Достапни линкови

Ќе се воведе систем за распределба на средства за регионален развој


Илустрација

Вицепремиерката Мила Царовска, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Техада, денес одржаа седница на управниот одбор на Проектот за изработка и воведување на Систем за координација во планирањето, спроведувањето, мониторинг и евалуација на политиката за рамномерен регионален развој (СиРеРа), соопшти Владата. Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Амбасадата на Швајцарија.

„Ако во целата држава се вложува подеднакво ќе останеме во можност да сите региони добијат подеднакво и да ги развијат своите капацитети и да го остварат оној потенцијал којшто го имаат како такви. Мислам дека навистина оваа програма за првпат ќе даде можност да ние како држава врз основа на податоци донесуваме одлуки колкав буџет ќе се издвои, во која област и на кој начин понатаму ќе се троши преку центрите за регионален развој. Низ институциите понатаму ќе може да се даде една поинаква слика и да биде јасно кој регион е помалку развиен, а кој регион е повеќе развиен“, изјави Царовска.

XS
SM
MD
LG