Достапни линкови

7 загинати во судир на пакистанската војска и талибанците


Илустрација - Припадници на пакистанските безбедносни служби

Пакистанската полиција соопшти дека петмина припадници на антитерористичка единица и двајца милитанти загинале во напад врз скриено засолниште на милитантна група во Пакистан, пренесе АП.

Според портпаролот на полицијата Имтијаз Кан, кога командосите се обиделе да нападнат куќа во областа Чилас, која граничи со Авганистан, на 460 километри од Пешевар, тие биле заслепени од експлозија, по што почнала борбата која траела три часа.

Властите соопштија дека засолништето било на забранетата милитантна група ТТП на пакистанските талибанци, кои се засолнуваат во Авганистан.

Според извештај на ОН, објавен минатата недела, 6.000 милитанти од Пакистан се кријат во соседен Авганистан, повеќето припадници на милитантната група ТТП, која е поврзана со Исламска држава.

XS
SM
MD
LG