Достапни линкови

Поднесени 25 кривични пријави за финансиски малверзации во ФФМ


Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми

Управата за финансиска полиција поденесе кривични пријави по повеќе основи против 11 физички и 14 правни лица, под сомнение дека во периодот од 1 јануари 2015 година до 10 октомври 2019 година на незаконски начин се стекнале со противправна имотна корист во износ од 146.770.172 денари, за кој износ ја оштетиле Фудбалската федерација на Македонија, соопшти денеска Финансиската полиција.

„Ве известуваме дека Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против лицата И.Ѓ. во својство на Претседател, О.М. во својство на Раководител на Одделение за финансии и сметководство и Т.М. во својство на раководител на Одделот за судии и судење, сите од Фудбалската федерација на Македонија“, се наведува во соопштението на Финансиската полиција.

XS
SM
MD
LG