Достапни линкови

На Јемен му се закануваат смртни последици од колера


Илустрација - Сана, Јемен

Агенциите за помош предупредуваат дека илјадници луѓе во Јемен би можел да починат од колера, бидејќи се премногу исплашени да побараат лекување во здраствените институции кои се пренатрупани со инфицирани со коронавирус.

Јемен, земја разурната од војна, која се соочува со недостиг на храна, од јануари до април годинава регистрирани се околу 110.000 случаи на колера.

Во изминатите три месеци во Јемен за 50 проценти е намален бројот на луѓе кои побарале здраствени услуги поради стравот од Ковид-19. Во земјата според официјалните податоци со Ковид-19 се инфицирале 1.691 луѓе, од кои 483 починале, но најверојатно нивниот број е многу поголем.

XS
SM
MD
LG