Достапни линкови

Годишнина на Стејт департментот: Ја пречекавме С. Македонија во НАТО


Мајк Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео, на одбележувањето на 231-та годишнина од формирањето на Стејт департментот, ги истакна успесите на американската дипломатија во изминатата година, меѓу кои, го посочи и зачленувањето на Северна Македонија во НАТО.

„Во годината што измина, продолживме со притисокот против режимот во Иран…, промовиравме мир во Авганистан… и на нашите сојузници и партнери им ја откривме вистинската природа на кинеската Комунистичка партија. Исто така, ја пречекавме Северна Македонија како 30-та членка на НАТО и објавивме план за имплементација на американската стратегија за жените, мирот и безбедноста, бидејќи да се даде власт на жените е правилно и тоа ќе го направи светот побезбеден“, се вели во соопштениото на американскиот државен секретар.

Помпео ги пофали кадрите во Стејт департментот за, како што рече, „исклучителната работа за промоција и презентација на нашите демократски вредности и унапредување на каузата“.

XS
SM
MD
LG