Достапни линкови

Туристичките работници на протест за државна помош


Илустрација - Влада на Република Северна Македонија

Со протест пред Владата, туристичките работници утре ќе бараат помош од Владата, бидејќи, како што велат, без поддршка од државата не можат да ја надминат ситуацијата во која се најдоа поради коронавирусот.

Според нивното соопштение, за протестот се пријавени повеќе од 700 учесници кои ќе бидат следени од автобуси. Протестот ќе почне симболично пред Дрво Декор, местото од каде најчесто тргнуваа туристичките тури, а ќе продолжи кон буеварот „Кочо Рацин“, улиците „11 Октомври“, „Димитрие Чуповски“ и „Васил Главинов“, булеварите „ВМРО“ и „Илинден“, до Владата.

Протест, нагласуваат, нема никаква политичка позадина, а со оглед дека се одржува во време на пандемија, преземени ќе бидат сите заштитни мерки, носење маски и дистанцирање.

XS
SM
MD
LG