Достапни линкови

САД: дополнителни трилион долари за санирање на економската штета


Лидерот на мнозинството во Сенатот, републиканецот Мич МекКонел

Републиканците предложија трошење на уште трилион долари за санирање на економската штета предизвикана од пандемијата на коронавирусот, објавија денеска американските медиуми. Планот вклучува училишна помош и финансиска поддршка до 1.200 американски долари за повеќето Американци. Предлогот е рамка за преговори со демократите, кои пак планот го оценија за „целосно несоодветен“.

Советникот на Трамп за национална безбедност позитивен на Ковид-19

Соединетите држави веќе потрошија повеќе од 2,4 трилиони американски долари за мерки за помош во борбата против епидемијата. Секретарот за финансии Стивен Мнучин деновиве изјави дека републиканците се подготвени да го спроведат следниот пакет помош.

XS
SM
MD
LG