Достапни линкови

Ердоган: 500 припадници на силите за безбедност ќе ја чуваат Аја Софија


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на молитва во Аја Софија

Најмалку 500 припадници на силите за безбедност ќе се грижат за безбедноста на истанбулскиот храм Света Софија, чиј статус е сменет од музеј во џамија. Ова го соопшти на прес-конференција во Анкара турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. “Најавивме дека отсега Аја Софија ќе биде отворена 24 часа на ден. За безбедноста ќе се грижат 500 луѓе", рече Ердоган.

МПЦ го поддржа патријархот Вартоломеј за Аја Софија

Во меѓувреме, турските власти го уверуваат УНЕСКО за нивните намери тесно да соработуваат со организацијата при извршување на планираната реставраторска работа по пренамена на Света Софија од музеј во џамија. Од УНЕСКО соопштија дека Турција ветила дека ќе покани делегација експерти на организацијата да разговараат за планот за реставрација.

XS
SM
MD
LG