Достапни линкови

Приштина бара поправка на косовските граници на Епл апликацијата


Мапа на Косово

Косово побара од американската технолошка компанија „Епл“ да ги поправи косовските граници на своите карти. Министерката за надворешни работи на Косово, Мелиза Харадинај, на Твитер напиша дека испратила писмо до извршниот директор на „Епл“, Тим Кук. Во него, таа побара од Кук „да преземе итни чекори за правилно претставување на меѓународно признатите граници на Косово во својата апликација “AppleMap“.

Во Брисел состанок во рамки на дијалогот Белград- Приштина

На тие карти, Косово е прикажано како дел од Србија, нешто што министерката рече дека е „во директна спротивност со политичката и правната реалност“. Косово прогласи независност од Србија во 2008 година, потег признат од околу 100 земји - но не од Србија, сојузникот Русија и пет земји од ЕУ.

XS
SM
MD
LG