Достапни линкови

Индија блокираше уште 47 кинески мобилни апликации


илустрација

Индија блокираше уште 47 кинески апликации за мобилни телефони, откако ја забрани популарната платформа за споделување видео, Тикток и 58 други апликации, повикувајќи се на национална безбедност и заштита на податоците, изјави денеска висок владин претставник.

„Забранивме 47 кинески апликации за мобилни телефони што ја покажува сериозноста на владата во однос на приватноста и безбедноста на податоците“, изјави официјалниот претставник за Агенцијата Франс Прес. Тој додаде дека наредбата е издадена во петок.

„Повеќето од 47 апликации беа блокирани од истите причини како претходните 59, а неколку се намалени верзии или варијации на претходно забранети апликации“, прецизира изворот.

Индиската влада сè уште нема официјално соопштение за оваа нова блокада, но за тоа јавуваат главните индиски медиуми.

Односите меѓу Индија и Кина се затегнати од средината на јуни, кога 20 индиски војници беа убиени во судир со кинески војници долж спорната граница. Имаше и протести со кои се бараше забрана на кинеските производи во Индија. Кина извезува повеќе од 3.000 производи во Индија, вклучувајќи играчки, козметика и домашни уреди.

XS
SM
MD
LG