Достапни линкови

Судење за „Акмис“ - Обвинетиот Панчевски не можел да подготви одбрана


Поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панчевски

Во Велешкиот суд денеска продолжи судењето на поранешниот претседател на Основниот кривичен суд - Скопје, Владимир Панчевски. Обвинетиот пред Судот изјавил дека не можел да подготви одбрана.

Спорд обвинението, Панчевски од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, како претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје, влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите, давал наредби и насоки кој предмет кај кој судија да се распредели и со тоа ја злоупотребил службата и ги пречекорил границите на своите овластувања.

Слујачот во јавноста е познат како Акмис, според името на системот за распределба на судските предмети.

„Доказите ги видов во петокот кога увидот траеше до 17 часот. Преку викенд не се видов со бранителите. И затоа не сум во можност да ја подготвам одбраната“, рекол Панчевски пред Судот. Тој на претходното прво рочиште кажа дека не го разбрал обвинението.

Поради тоа, судијката Валентина Ѓоргиевска Ѓорѓиевска накратко му го образложила обвинителниот предлог, но Панчевски сепак не можел да се изјасни дали се чувствува виновен.

После тоа судењето продолжи со сведочење на судии, поранешни колеги на Панчевски. Неговите адвокати повторно бараа да му биде укинат притворот бидејќи имале информации дека тој се уште е вработен во Основниот суд Скопје 1 и поради тоа има имунитет на судија.

XS
SM
MD
LG