Достапни линкови

Помош од Германија за македонските болници


Германската амбасадорка во Северна Македонија Анке Холштајн

Германската амбасада во Скопје и амбасадорката Анке Холштајн потпиша договори за донација за јавните здравстевни установи Клиничка болница Штип, Општа болница Куманово, Општа болница „Борка Талески“ Прилеп и Здравствен дом Гостивар со вкупна вредност од 152.000 евра, со цел поддршка на Северна Македонија при справување со пандемијата од ковид-19 и директна помош на граѓаните, соопшти денеска Германската амбасада во Скопје.

Според соопштението од Амбасадата, македонските здравствени установи ќе ги искористат донираните средства за набавка на медицинска опрема и амбулантни возила.

„Амбасадата им се заблагодарува на НВО Фондација за локален економски развор од Штип, НВО Центар за рурален развој Бујрум од Куманово, НВО Европски центар за развој, толеранција и соработка од Гостивар, НВО Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп за соработката при спроведување на овие проекти, a во корист на општините Штип, Куманово, Гостивар и Прилеп“, се наведува во соопштението од Германската амбасада.

Оттаму додаваат дека финансиската поддршка од Малите проекти од буџетот на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија има за цел унапредување на социјалниот и економскиот развој на земјата домаќин.

XS
SM
MD
LG