Достапни линкови

Марш за демократија на Алијанса за Албанците и Алтернатива


избори 2020, Македонија

Денешниот марш на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, како што најавија овие партии, е знак на револт за потиснување на правото на слободното гласање. Маршот ќе започне во 19 часот од паркот Чаир во Скопје, потоа ќе помине пред Влада и е планирано да заврши пред канцелариите на Делегацијата на Европската Унија.

ДИК ги објави конечните резултати: СДСМ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15 АА 12, Левица 2 и ДПА 1 пратеник

“Токму пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје – ќе биде испратена јасна порака дека една држава која ги започнува преговорите за членство во ЕУ не смее да дозволи дел од нејзините граѓани да бидат лишени од правото да избираат и да бидат избрани, што е основното човеково и политичко право во ЕУ”, изјави на вчерашната прес-конференција портпаролката на Централниот штаб на коалицијата, Нурџан Асановска, наведувајќи дека за да се избегне каква било можност за инфекција маршот ќе се одвива со заштитни маски и одржување дистанца.

XS
SM
MD
LG