Достапни линкови

Лекарот на украинската фудбалска репрезентација почина од коронавирус


Антон Худаев, тимскиот лекар на фудбалската репрезентација на Украина почина од новиот коронавирус на 48 години, соопшти Украинската асоцијација за фудбал (УАФ).

„Во името на претседателот на УАФ Андриј Павелка, селекторот на националниот тим Андриј Шевченко и целото фудбалско семејство во Украина, изразуваме најдлабоко сочувство до неговото семејство“, се наведува во соопштението.

Худаев исто така беше клупски доктор на фудбалскиот клуб Металист Харков.

Во Украина досега се регистрирани скоро 65 илјади случаи на коронавирус, а повеќе од 1600 луѓе досега починаа.

XS
SM
MD
LG