Достапни линкови

Архимандрит Григориј хиротонисан за нов архиереј на МПЦ-ОА


Епископот сарандопорски архимандритот Григориј беше хиротонисан за за епархиски архијереј на кумановско-осоговската епархија во Соборниот Храм „Свети Николај Чудотворец“ во Куманово

Во Соборниот Храм „Свети Николај Чудотворец“ во Куманово, денеска беше отслужена Света Божествена литургија на која беше хиротонисан епископот сарандопорски архимандритот Григориј, игуменот на осоговскиот манастир за епархиски архијереј на кумановско-осоговската епархија. На хиротонијата присуствуваа архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и архиереите на МПЦ-ОА, монаси и верници од државата.

Синодот на МПЦ-ОА на седница на 21 мај годинава го избра епископот сарадопорски Григориј за митрополит на кумановско-осоговската епархија, откако досегашниот кумановски владика Јосиф поднесе оставка од здравствени причини.

На хиротонија и интронизација на новоизбраниот епископ сарандопорски г. Григориј за митрополит кумановско-осоговски, присуствуваа и претставници од државниот и политичкиот врв.

XS
SM
MD
LG