Достапни линкови

Министерот Манчевски негативен на ковид-19, по втор пат излегува од самоизолација


Министерот Дамјан Манчевски

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски денеска на својот Фејсбук профил објави дека е негативен на коронавирусот.

„Негативен и финално. Излегувам, доста беше. 5:0. Од утре назад во акција“, пишува Манчевски.

Тој им порача на граѓаните да носат маска и да држат дистанца, особено во туристичките места.

„Чувајте се. Носете маска и држете дистанца. Нека не ве лаже летото, особено во туристичките места“, напиша Манчевски на Фејсбук.

Тој беше во самоизолација од 15 јули, откако неговиот заменик министер и возач беа позитивни на коронавирус.

Ова е втора самоизолација на Манчевски. Претходно тој мораше да се самоизолира по објавата за позитивниот тест на потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, а со кој претходно имал контакт.

XS
SM
MD
LG