Достапни линкови

Пет месеци КОВИД-19 во земјава: вирусот потврден кај 9934 луѓе, од нив 460 починаа


Илустрација

По точно пет месеци откога во земјава беше регистриран првиот случај на КОВИД-19 – на 26 февруари кај жена која допатува од Италија, опасниот вирус досега е потврден кај 9934 луѓе. Од нив, излекувани се 5357, активно болни се 4117, а починаа 460 пациенти.

Во овој месец беа негативните рекорди на заразени и починати од почетокот на епидемијата. Бројот на новодијагностицирани во 24 часа двапати надмина 200 – на 10 јули беше 205 и на 18 јули – 241. На 2 јули починаа 15 пациенти – најголем број во едно деноноќие.

Позитивни на коронавирусот се вкупно 9934 заклучно со вчера, а досега се направени 94 092 тестирања.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на Фејсбук објави дека и покрај благиот раст на активни случаи, процентот на хоспитализирани лица заболени од КОВИД-19 во изминатите две недели е намален за речиси два процентни поени.

Тој посочи дека во континуитет, лицата кои се примени во болница од вкупниот број активни случаи не надминува 12 проценти.

Во светот до вчера заразени со КОВИД-19 се 15.7 милиони луѓе, според евиденцијата на Универзитетот „Џонс Хопкинс“. Бројот на оздравени надмина девет милиони, скоро 640 илјади луѓе починаа.

XS
SM
MD
LG