Достапни линкови

Временска прогноза - Променливо облачно, со можност за невреме


Skopje view

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, информираат од УХМР.

Дневната температура ќе се движи од 29 до 34 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, како и со засилување на ветерот. Температуратаќе достигне до 30 степени.

В понеделник ќе настапи стабилизирање на времето и ќе дува засилен северен ветер. Под влијание на многу топла воздушна маса до петок времето ќе биде сончево и многу топло со температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.

XS
SM
MD
LG