Достапни линкови

Деветмина починати, 137 нови случаи на коронавирус


Илустрација

Во изминатото деноноќие се регистрирани 137 нови случаи на ковид-19 во земјава. Биле направени 1542 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Најмногу нови случаи – 60, се регистрирани во Скопје. Во Штип има 16, Куманово 13, Гостивар 11, Тетово 7, Дебар, Кичево и Битола по 5, Прилеп, Велес и Свети Николе по 3 и по еден нов случај има во Струга, Кочани, Охрид, Прибиштип, Демир Хисар и во Виница.

Починати се 9 лица, тројца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Штип и Струга и двајца од Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 103 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 94092 тестирања на ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9934, бројката на оздравени пациенти е 5357, на починати е 460, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4117.

XS
SM
MD
LG