Достапни линкови

Русија создава упориште во Либија


Уништени возила во Либија

Американската војска ја обвини Русија дека доставува офанзивно оружје и борци во Либија во обид да создаде упориште во оваа северноафриканска земја. Последното обвинување од американската Африканска команда (АФРИКОМ) кон Русија доаѓа во време кога ривалските групи во Либија се соочуваат со можна крвава битка за контрола врз стратешкиот пристанишен град Сирт.

Пентагон објави фотографии за кои вели дека покажуваат дека Русија продолжува да ја снабдува со опрема руската приватна воена компанија Вагнер груп. Пентагон наведува дека руски воени товарни авиони продолжуваат да ги снабдуваат борците на Вагнер и нивните соработници со опрема за противвоздушна одбрана, камиони, оклопни возила и воени авиони.

„Видот и обемот на опрема покажуваат намера за одржливи офанзивни борбени способности, а не за хуманитарно олеснување и укажува дека руското Министерство за одбрана ги поддржува овие операции“, се наведува во изјавата на генерал Грегори Хадфилд, заменик директор за разузнавање во АФРИКОМ.

Американската армија претходно ја обвини Москва за распоредување воени авиони во Либија, а претходно овој месец соопшти дека Вагнер груп поставила нагазни мини и импровизирани експлозивни направи околу главниот град Триполи.

Русија ја користи Вагнер груп како посредник во Либија за воспоставување долгорочно присуство на Средоземното Море, соопшти АФРИКОМ.

XS
SM
MD
LG