Достапни линкови

Претпладне сончево, попладне пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од попладневните часови во посеверните делови ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места можно е невреме.

Дневната температура ќе се движи од 29 до 37 степени, а УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево, попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд. Дневната температура ќе достигне до 35 степени.

Утре нестабилно ќе биде во источните делови.

Од понеделник следува сончево време со повисоки температури.

XS
SM
MD
LG