Достапни линкови

Техеран го обвини Вашингтон за пресретнување на цивилен лет


Илустративна фотографија - авион на иранската компанија „Махан Ер“.

Иран го обвини Вашингтон за загрозување на цивили, откако воен авион на САД пресретна ирански патнички авион над Сирија кој летал од Техеран кон Бејрут.

Централната команда на САД, која ги надгледува американските операции на Блискиот Исток, соопшти дека борбен авион Ф-15 на 24 јули извршил „стандарден визуелен преглед“ врз летот на авиокомпаниата „Махан Ер“ на безбедна дистанца од околу 1.000 метри додека бил во рутинска мисија во близина на Ат Таниф во Сирија.

Армијата на САД, која има мала пустинска база во Ат Таниф во близина на границата со Јордан и Ирак, соопшти дека „професионалното пресретнување било извршено во согласност со меѓународните стандарди.“

Но, телевизискиот канали ИРИБ емитуваше непроверена аматерска снимка од патници во авион како врескаат додека пилотот остро ја намалува надморската височина на летот, велејќи дека тоа предизвикало повреди кај патниците.

„САД малтретираат закажан цивилен лет, загрозувајќи невини цивилни патници – наводно за да ги заштити своите окупаторски сили“, напиша на Твитер иранскиот министер за одбрана Мохамад Џавад Зариф.

„Ова беззаконие мора да биде запрено пред да биде предизвикана катастрофа“ додаде тој.

Портпаролот на Централната команда на САД Бил Урбан изјави дека откако борбениот авион Ф-15 идентификувал дека авионот е патнички на „Махан Ер“, безбедно се дистанцирал од него.

XS
SM
MD
LG