Достапни линкови

СЗО загрижена поради зголемениот број на случаи во Европа


Илустративна фотографија.

Европската филијала на Светската здравствена организација (СЗО) денеска изрази загриженост поради зголемениот раст на новозаразени случаи на коронавирус на континентот, укажувајќи дека земјите треба да наметнат поостри рестрикции доколку е тоа неопходно, пренесува АП.

Бројот на инфицирани во Европа на 23 јули надмина три милиони, што е една петина од над 15 милиони случаи во светот.

Со 335 нови случаи на 100.000 жители во изминатите две недели, Киргистан е најтешко погодена земја во широката зона која ја покрива европската филијала на СЗО.

Меѓу останатите се Црна Гора со 207, Луксембург 196, БиХ 98, Србија 71, Романија 52 и Бугарија 46.

Меѓутоа, бројот на инфицирани значително се намали во Ерменија – 197 случаи на 100.000 жители, Казахстан 128, Молдавија 82 и Русија 60.

„Неодамнешното повторно оживување на случаите на Ковид-19 во некои земји по олеснувањето на мерките за физичка дистанца, секако предизвикува загриженост“, изјави за АФП портпаролката на европската филијала на СЗО.

Таа вели дека онаму каде се појавуваат нови кластери мора да се контролира со брзи интервенции, брзо откривање, изолација и следење на контактите.

Меѓутоа, бројот на нови случаи низ Европа остана стабилен на околу 20.000 дневно од 20 мај, повеќе од два пати помалку отколку на почетокот на април, пишува АП.

XS
SM
MD
LG