Достапни линкови

Пендаровски и Лајчак онлајн за состојбите во Западен Балкан


Стево Пендаровски

Мкедонскиот претседател Стево Пендаровски денеска имаше видео разговор со Мирослав Лајчак, специјален претставник на Европската Унија за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан, соопшти претседателскиот Кабинет.

„Во светло на возобновувањето на дијалогот меѓу Србија и Косово, претседателот Пендаровски го истакна ставот дека придонесот на Европската Унија е повеќе од потребен со цел изнаоѓање прифатливо решение, кое ќе ја зајакне регионалната стабилност и во таа насока го поздрави значењето на мисијата што ја има специјалниот претставник Лајчак“, соопштија од Кабинетот на Пендаровски.

Според соопштението, двајцата соговорници раговарале и за информации поврзани со најновиот развој на настани во регионот, значењето на регионалната соработка и процесот на проширување на Европската Унија. Пендаровски го информирал Лајчак за актуелните состојби во земјава и спроведувањето на изборниот процес.

XS
SM
MD
LG