Достапни линкови

Словачкиот премиер „ја преживеа“ интерпелацијата


Опозицијата побара гласање за недоверба откако во медиумите се појавија наводи дека Матович направил плагијат на поголем дел од неговиот дипломски труд.

Словачкиот премиер Игор Матович го преживеа гласањето за недоверба поради обвинувањата за плагијат на дипломскиот труд. Од 125 присутни пратеници, само 47 гласале за недоверба кон Матович. Опозицијата побара гласање за недоверба откако во медиумите се појавија наводи дека Матович направил плагијат на поголем дел од дипломскиот труд за влијанието на даночниот систем на претпријатијата на Универзитетот Коменски во Братислава во 1998 година.

Словачкиот премиер во врска со таквите обвинувања изјави дека не е запознат оти направил нешто лошо. Тој призна дека не посветил многу внимание на своите студии на Факултетот за менаџмент во текот на последните две години, имајќи предвид дека во тој период веќе имал своја издавачка куќа.

XS
SM
MD
LG