Достапни линкови

Груби: Не влегуваме во коалиција чиј дел е Левица


Али Ахмети и Артан Груби

Дел од некое евентуално алтернативно мнозинство би била партијата „Левица“ и ова е неприфатливо за нас и не доаѓа во предвид соработка со овој деструктивен и регресивен ентитет, изјави Артан Груби, најблискиот соработник на лидерот на ДУИ Али Ахмети.

„Нема да дозволиме да се вратиме назад, без оглед на тоа дали сме во позиција или во опозиција. Нашиот пат кон еднаквост и интеграција во НАТО и во ЕУ не смее да биде загрозен од никого и тоа нема да го дозволиме“, вели Груби во интервју за албанскиот медиум „Шчип“.

Тој додава веќе почнале дел од преговорите околу формирање парламентарно мнозинство потребно за формирање Влада, но дека во партијата чекаат да помине целиот жалбен процес, „за да ја засилат комуникацијата со СДСМ“, со кого, како што вели Груби, и сега имаат контакти како актуелни владини партери.

XS
SM
MD
LG