Достапни линкови

Хрватска доби нова Влада


хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во парламентот

Владата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и нејзината програма доцна синоќа ја добија довербата на Парламентот. По целодневната расправа, за вториот состав на кабинетот на Пленковиќ гласале 76 пратеници од вкупно 151, а против се изјасниле 59. Новата Влада има 16, наместо досегашните 20 министерства, како и четворица потпретседатели.

Конститутивна седница на парламентот на Хрватска

Пленковиќ на крајот од расправата им се заблагодари на пратениците кои и дадоа поддршка на програмата и на луѓето кои ги претставил, но и на оние кои изразиле критики и несогласување. Тој порача дека ќе настојува да ја оправда довербата, која ја доживува „како обврска и шанса“ за Владата и за сите хрватски граѓани.

XS
SM
MD
LG