Достапни линкови

Помпeо: Советската окупација на балтичките држави е кривично дело


Американскиот државен секретар Мајк Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео рече дека советската окупација на балтичките држави Естонија, Летонија и Литванија во 1940 година е „злосторничко дело“ и го спореди со денешната руска воена акција во Украина и Грузија. Во изјавата Помпео рече дека „исто како што САД никогаш не ја признале присилната анексија на балтичките држави од страна на Советскиот Сојуз, така никогаш нема да го признаaт нападот на Русија врз суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и Грузија“.

Помпео во Данска за рускиот гасовод “Северен тек 2”

Изјавата и посебната видео-порака на Помпео беа објавени на Твитер од американската амбасада во Тбилиси, Грузија, по повод одбележувањето на 80-годишнината од Декларацијата од Велс, именувана по нејзиниот иницијатор, тогашниот в.д. државен секретар на САД, Самнер Велс. Во декларацијата потпишана од Соединетите држави на 23 јули 1940 година, Америка ја осуди окупацијата и анексијата на Естонија, Летонија и Литванија од страна на советскиот лидер Јосиф Сталин. Советските трупи влегоа во трите земји само една недела пред тој датум.

XS
SM
MD
LG