Достапни линкови

Албанскиот Парламент ја усвои изборната реформа


Еди Рама

По сите недоразбирања и разединетост меѓу владејачкото мнозинство и вонпарламентарната опозиција, попладнево албанскиот Парламент со 99 гласови „за“, шест против и четири воздржани гласа ги усвои изборните реформи. Станува збор за текст договорен на петти јуни на седница на Политичкиот совет, во кој членуваат претставници од владејачката Социјалистичка партија, вонпарламентарната и парламентарната опозиција.

Меркел - Отворање на првите поглавја од преговорите со Скопје и Тирана оваа година

Во петчасовната расправа учествуваше и премиерот Еди Рама, кој и од собраниската говорница не се откажа од предлогот за уставни измени со кои се укинуваат изборните коалиции. “Нема отстапка од нашиот предлог за укинување на изборни коалиции, за што се потребни уставни измени, што ќе ги донесеме на седница на 30 јули", рече Рама. Изборната реформа, што беше договорена со посредство на странски дипломат, посебно американската амбасадорка Јури Ким, е еден од 15-те услови за почеток на преговорите со ЕУ.

XS
SM
MD
LG