Достапни линкови

Путин и Трамп разговарале по телефон за контрола на оружјето


Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп разговарале на телефон за контролата на оружјето и за соработката во борбата против коронавирусот, објавија Кремљ и Белата куќа. Претседателите „детално разговараа“ за разни прашања во врска со контролата на оружјето, со оглед на „посебната одговорност на Русија и на Соединетите држави за одржување меѓународен мир и безбедност“, соопшти Кремљ.

Путин не планира средба со Трамп, тврди Песков

Според Белата куќа, Трамп повторил дека се надева оти ќе избегне скапа трка во вооружување меѓу Кина, Русија и Соединетите држави и рече дека „со нетрпение очекува да се напредува во претстојните разговори за контрола на оружјето во Виена“. Трамп и Путин „се осврнаа врз ситуацијата со иранската нуклеарна програма, како и соработката меѓу двете земји во борбата против пандемијата на коронавирусот.

XS
SM
MD
LG