Достапни линкови

Прва муслиманска молитва во Аја Софија


Аја Софија, Истанбул

Првата муслиманска молитва во истанбулската „Аја Софија“ се очекува да биде извршена в петок на 24 јули, а приемот во џамијата ќе биде бесплатен за сите. Ова пред една недела го најави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, откако го потпишува указот за враќање на Аја Софија во џамија. „Бидејќи Аја Софија го изгуби статусот на музеј, влезот со плаќање е откажан. Исто како и сите други џамии, Аја Софија ќе биде отворена за сите: локалното население, странците, муслиманите и претставниците на другите вери“, додаде Ердоган. Оваа молитва ќе биде прва откако турската влада ја претвори џамијата во музеј во 1934 година.

За време на молитва во Аја Софија иконите ќе се покриваат со завеси

Црквата на светата мудрост беше завршена во 537 година од времето на владеењето на византискиот император Јустинијан Велики и остана главна катедрала на Православната црква сè до освојувањето на Цариград од крстоносците во 1204 година, по што зградата накратко се претвори во Католичка катедрала. Во 1261 година, Византијците го зафатија градот и Црквата на Светата мудрост уште еднаш стана главна православна катедрала. Речиси два века подоцна, во 1453 година, градот го освои Османлиската империја и црквата ја претвори во џамија.

XS
SM
MD
LG