Достапни линкови

Во Брисел средба Рикер - Лајчак


Филип Рикер

Филип Рикер, шеф на Бирото на Стејт департментот за Европа и Евроазија, денеска ќе се сретне со Мирослав Лајчак, специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Косово и Србија, јави Гласот на Америка. Средбата е во Брисел каде што експертски тимови од Косово и Србија ги продолжија разговорите вчера.

Во Брисел состанок во рамки на дијалогот Белград- Приштина

До овие разговори дојде по средбата меѓу премиерот на Косово, Авдулах Хоти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ во минатата недела. „Мислам дека е одличен начинот на кој работи новиот специјален пратеник за дијалог Мирослав Лајчак. Тој е добар пријател и колега кој го познава регионот и проблемите таму исклучително добро”, изјави Рикер, наведувајќи дека Соединетите држави ќе продолжат да бидат вклучени во процесот што го водат Косово и Србија во Брисел, преку Европската унија. Филип Рикер истакна дека Европската унија спроведува многу важни активности во дијалогот, чија цел, како што оцени, е нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.

XS
SM
MD
LG