Достапни линкови

Управниот суд ги одби сите тужби за решенијата на ДИК


Илустрација- гласање на предвремени парламентарни избори 2020

Управниот суд ја одби и тужбата поднесена од МОРО – Работничка партија, информираат за МИА, од Судот. Ова беше последната тужба за денеска за кој беше одржана јавна седница во Управниот суд.

„Управниот суд ја информира јавноста дека закажаната јавна расправа по тужбата поднесена од МОРО-Работничка партија е завршена и изреката на одлуката со која тужбата се одбива и се потврдува Решението на Државната изборна комисија е јавно соопштена на овластениот претставник“, соопштија од Управен Суд.

Претходно, овој Суд ги одби како неосновани сите 101 тужба поднесени од Левица, 75 тужби од Алијанса за Албанците и Алтернатива, односно тужби поднесени против решенијата на ДИК, од страна на Социјадемократската Унија и политичката партија Демократи. За утре се закажани и последните јавни расправи за тужбите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и Единствена Македонија.

XS
SM
MD
LG