Достапни линкови

Светските лидери нема да одат во Њујорк на генералното собрание на ОН


Илустрација- знамето на Обединетите нации

Поради пандемијата со коронавирусот светските лидери ќе испратат видео обраќања и нема да се соберат во Њујорк на Генералното собрание на Обединетите нации кое се одржува во септември.

Ова беше одлучено на состанокот на Обединетите нации на кој присуствуваа претставници на 193-те земји членки.

„Секоја земја членка, земја набљудувач и Европската унија може да снима обраќање на својот шеф на држава, заменик шеф, премиери, министри, заменици премиери и министри, членови на кралски семејства, а обраќањата ќе бидат пуштени во холот на Генералното собрание откако ќе бидат најавени од нивните претставници кои ќе бидат физички присутни“, се наведува во одлуката.

XS
SM
MD
LG