Достапни линкови

Управниот суд ги одби сите тужби од Левица


Управен суд Скопје

Управниот суд ги одби и последните 23 тужби од Левица, откако претходно денеска истото го стори и со останатите 78 тужби од ова партија, информираат за МИА од Управен суд. Со оваа одлука Управниот суд ги потврди одлуките од Државната изборна комисија и ги одби сите 101 тужба од Левица. Тужбите од Левица поднесени до Управниот суд се разгледуваа на повеќе јавни расправи закажани во текот на денешниот ден.

Освен по тужбите од Левица, денеска Управниот суд има закажано јавни расправи и по тужбите од Социјалдемократската унија, МОРО – Работничка партија и Демократи, чии одлуки ќе бидат јавно соопштени по завршување на расправите.

Тужби имаат поднесено и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ – две и Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш Северна само Македонија” – една, за кои Управниот суд закажи јавни седници за утре.

Претходно денеска од Управниот суд информираа дека тужбите поднесени од Интерга, Алијанса за Албанците и Алтернатива и едно физичко лице, се одбиваат како неосновани и се потврдуваат решенијата на Државната изборна комисија.

XS
SM
MD
LG