Достапни линкови

Министерот за образование Адеми позитивен на ковид19


Архивска фотографија- министерот за образование Арбер Адеми

Министерот за образование и наука Арбер Адеми е позитивен на ковид19. Тој на својот Фејсбук профил објави дека по благите симптоми што ги имал и сомневањата дека можеби е заразен, направил тест, кој покажал дека е позитивен.

„Апелирам до сите вас да ги почитувате максимално протоколите заради вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Ви посакувам се најдобро вам и на вашите семејства“, напиша Адеми на Фејсбук.

Вчера и министерот за економија Крешник Бектеши обелодени дека е позитивен на ковид19.

XS
SM
MD
LG