Достапни линкови

Управен суд ги одби сите тужби на Алијанса за Албанците


Управен суд Скопје

Управниот суд до денеска ги отфрли како неосновани сите 75 тужби поднесени од Алијанса за Албанците/Алтернатива, откако вчера одби половина. Засега отфрлена е и тужбата на политичката партија Интегра и на едно физичко лице.

„Управниот суд ја информира јавноста дека заклучно ден 22.7.2020 година, донесени се вкупно 77 одлуки од кои, 75 одлуки по тужби поднесени од тужителот Алијанса за Албанците и Алтернатива, една одлука по тужба поднесена од тужителот Интегра Македонска Конзервативна Партија како и една одлука по тужба поднесена од тужителот Живка Арсовска и по истите донесени се пресуди со кои тужбите на тужителите се одбиваат како неосновани и решенијата на Државната изборна комисија се потврдуваат“, соопшти Управниот суд.

Судот продолжува со јавни расправи по поднесени тужби од политичките партии Левица, Социјалдемократска Унија, МОРО – Работничка партија и Демократи, чии одлуки ќе бидат јавно соопштени по завршување на расправите во законски определените рокови.

XS
SM
MD
LG