Достапни линкови

Боки 13: За „Меѓународен сојуз“ имав владина поддршка


Бојан Јовановски - Боки 13 во судница

„Меѓународниот сојуз“ е невладина, а не хуманитарна организација под капата на Европската Унија, рече денеска Бојан Јовановски - Боки 13, во воведните зборови на судењето за „Меѓународен сојуз“, односно „Рекет 2“, во кое тој е првообвинет.

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска почна ново рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ во кој се обвинети Бојан Јовановски-Боки 13, Јасна Мандиќ, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.

„Не само обвинетата Фросина Ременски, туку дека и многу други луца беа дел од „Меѓународен сојуз“ и потпишуваа договори. Јас тогаш бев симпатизер и граѓански активист на СДСМ и дел од Шарената револуција. Од тогаш започнуваат контактите со Ременски, сум имал контакти и со повисоки лица од партијата“, рече Јовановски.

Во однос на проектот, рече дека тој бил донесен во 2017 година, а потоа започнала и негова реализација.

„Имав поддршка од Владата, со функционери многу повисоки од неа. Од Оливер Спасовски имав поддршка за проектот: ‘Стоп за децата на улица’. Имав прием кај премиерот Зоран Заев, има записник, договаравме меморандум за соработка. Јас ли сум крив што сум имал идеја да направам самоодржлив проект што не може ни министерството за труд и социјала да го направи? Цела Влада стоеше зад овој проект, па и дел од локалната власт. Тврдам дека овие средства на бизнисмените Силјан Мицевски и на Ардијан Амзоски не се уплатени на сметката на Меѓународниот сојуз, туку на приватна сметка. Па што се тие, мали бебиња се да ги измами некој? Зошто ми се суди за измама, па уште и за перење пари, а 5 милијарди евра се изнесоа од државата и никого Обвинителството не гони за тоа“, рече Јовановски во воведните зборови на денешното рочиште.

Одбраната на Јасна Ерцеговиќ, една од обвинетите, го отфрли обвинението.

„Ерцеговиќ не учествувала во составување на договорите за кои ја терети ОЈО, а за тоа имаме сведок кој ќе сведочи во текот на постапката. Ќе докажеме дека таа не присуствувала на средба на која Андријан Амзоски наводно во нејзино присуство дал 350.000 евра за реализација на проект за кој се обвинети лица во предметот „Меѓународен сојуз”“, рече пред Судот, адвокатот Стефан Павлески..

XS
SM
MD
LG