Достапни линкови

Министерска смена во бугарската Влада


Бојко Борисов

Во бугарската Влада денеска се направени четори смени на министри откако тие поднесоа оставки до премиерот Бојко Борисов. Оставките доаѓаат во време кога опозицијата бара оставка од Владата поради „нерасчистување со корупцијата“ и во време на масовни повеќедневни протести ширум Бугарија.

„Прифатени се оставките на министрите за финансии Владислав Горанов, за внатрешни работи Младен Маринов, за економија Емил Караниколов и за туризам Николина Ангелкова“, изјави Борисов, по средбата со коалициските партнери.

Бугарската влада пред два дена го преживеа гласањето за недоверба кое го бараше опозициската социјалистичка партија, која ја обвинува дека не успеала да ја искорени ендемската корупција, што предизвика повеќедневни масовни протести низ целата држава.

Нови министри се занзначени за финансии, економија, туризам и надворешни работи.

Наследникот на министерот за економија, Емил Караниколов ќе биде неговиот заменик Лачезар Борисов. Mинистерството за финансии ќе го превземе актуелниот министер за здравство Кирил Ананијев, додека на чело на здравство ќе биде поставен директорот на Александриската болница во Софија, Костадин Ангелов. Директорот на полицијата, Христо Терзиски седнува на министерското столче во надворешни работи.

XS
SM
MD
LG